mchi

Прес центар

Започната е постапка за исклучување на Боро Стојчев од членство во партијата, очекуваме и негова оставка од позицијата градоначалник

dbi

03.10.2018

Одговор на новинарско прашање,
Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата
Скопје, 03.10.2018


Медиуми: Во врска со градоначалникот на Ново Село којшто сега е вратен на функцијата во Ново Село, има ли партијата некаков став во врска со тоа, можно ли е да очекуваме нешто во скоро време, како го коментирате тоа?

Уште кога се случи тоа партијата го разреши Боро Стојчев од претседател на општинската организација на СДСМ во Ново Село.

Започната е постапка за бришење за исклучување од партијата, бришење од евиденција односно отчленување од СДСМ.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија како одговорна и државотворна политичка партија се водиме од принципите на почитување на правото и на законите.

Оттука го повикуваме Боро Стојчев да си даде неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на општина Ново Село. За нас, законите се закони и треба да бидат почитувани и од членството и од функционерите од било која политичка партија.

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени