mchi

Прес центар

Сега е време Мицкоски јасно да кажe дали е за ЕУ и НАТО или против

dbi

06.10.2018

Прес конференција,
Мухамед Зеќири, пратеник и потпретседател на СДСМ
Скопје, 06.10.2018

Почитувани,

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски треба да излезат од матрицата на Никола Груевски и јасно да кажат дали се за ЕУ и НАТО или се против.

Изборот е јасен, одлуката е: или ЕУ и НАТО или изолација и неизвесност.

Ако се ЗА ЕУ и НАТО сега е моментот кога треба да се откажат од барањето амнестија за Никола Груевски и неговите соработници и да ги повикаат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат волјата на граѓаните во Собранието.

Никогаш претходно во последните 20 години ниту една полтичка идеја не добила толку голема поддршка од граѓаните. Над 600.000 граѓани упатија јасна порака дека се за иднина во ЕУ и НАТО.

Сега е моментот сите пратеници, особено пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, се должни да ја следат оваа јасно изразената волја на над 600.000 граѓани за членство во ЕУ и НАТО.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои навистина се за НАТО и ЕУ мора да преземат одговорност во име на граѓаните кои ги избрале и да ги продолжат процесите во Собранието.

Сите економски параметри прецизно покажуваат дека процесот на приближување до ЕУ и НАТО позитивно влијае врз економијата. Растат инвестициите, расте финансиската поддршка, се отвораат нови работни места.

Затоа, за иднината на Македонија најважно е да продолжи процесот на интеграција во ЕУ и НАТО.

Ако Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, продолжат со измислувањето нови нелогични барања, јасно е дека сакаат да го блокираат патот на Македонија кон ЕУ и НАТО и да ја вратат земјата во изолација и неизвесност.

Во тој случај, пради неодговороноста на раководството на ВМРО-ДПМНЕ единствен излез се предвремени избори организирани веднаш, за доброто на државата.

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени