mchi

Најнови вести

Зошто само на раководството на ВМРО-ДПМНЕ му пречи признаен и зајакнат македонски идентитет и заштитени граници?

dbi

09.10.2018

Соопштение за јавност


Предложените измени на Уставот јасно покажуваат дека со нив се заштитува македонскиот идентитет, се гарантира неповредливоста на границите, се унапредува грижата за македонските граѓани што живеат надвор од Македонија врз основа на меѓународни конвенции и стандарди, а со децидното повикување на конститутивните одлуки на АСНОМ, се потврдува историскиот континуитет на државноста.

Зошто само на раководството на ВМРО-ДПМНЕ му пречи тоа што македонскиот идентитет, македонската посебност, стануваат признаени од целиот свет, вклучително и Грција?

Зошто на врвот на ВМРО-ДПМНЕ толку му пречи заштитата и неповредливоста на границите на Република Македонија?

Што има Христијан Мицкоски против влез во НАТО и почеток на преговори со ЕУ со заштитен и загарантиран македонски идентитет?

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да престане преку лажни вести да се обидува да дојде до амнестија за Никола Груевски. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ треба внимателно да ги прочитаат предложените уставни измени, да ги поддржат процесите во Собранието и уставните измени да бидат усвоени.

Но, доколку раководството на ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ја блокира иднината, тогаш не преостанува ништо друго освен предвремени парламентарни избори, организирани веднаш.

Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ нема да избегаат од одговорноста, волјата на мнозинството граѓани мора да биде и ќе биде испочитувана. Македонија ќе стане членка на ЕУ и НАТО.


Скопје, 09.10.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени