mchi

Прес центар

Се потврди, уставните измени го зајакнуваат идентитетот, сите пратеници да ги поддржат за иднина во ЕУ и НАТО

dbi

09.10.2018

Прес конференција,
Александар Кирацовски, пратеник и генерален секретар на СДСМ
Скопје, 09.10.2018

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Согласно врвните стратешки приоритети на Македонија, членството во ЕУ и НАТО, Владата достави предлог до Собранието за пристапување кон измени на Уставот на Република Македонија, како еден од последните чекори од Преспанскиот договор.

Предлог уставните измени се јавно објавени и се достапни до целата јавност. Секој граѓанин, секој пратеник може да ги погледне и да се увери во вистината.

Со предлог измените се потврдува сето она што го говоревме изминатиот период.

Идентитетот, јазикот и македонската посебност се загарантирани и трајно заштитени.

Паѓаат во вода сите лажни вести и измислени конструкции за наводно загрозување на македонскиот јазик, македонскиот идентитет и македонската историја.

Се гледа јасно дека со уставните измени не се губи ништо. Напротив, се обезбедува иднина во ЕУ и НАТО со зајакнат македонскиот идентитет кој конечно станува признаен од целиот свет.

Со измените, децидно се повикуваме на конкретни документи и конститутивните одлуки на АСНОМ, преку што се потврдува и зацврстува историскиот континуитет на македонската државност.

Се обезбедува поцврста гаранција на границите и територијалниот интегритет.

Се обезбедува грижа за Македонците и иселениците од Македонија во странство, согласно меѓународните стандарди, без мешање во внатрешните работи на било која друга држава.

Почитувани,

Апелирам до сите пратеници, вклучително и оние од ВМРО-ДПМНЕ, да ги прочитаат предложените измени.

Време е сите пратеници кои се за НАТО и ЕУ заеднички да преземат одговорност во име на граѓаните кои ги избрале, да ги поддржат процесите во Собранието и уставните измени да бидат усвоени.

Ги повикувам пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да не подлегнуваат на притисоци и закани и да гласаат по сопствено убедување, следејќи ја мнозинската волја на граѓаните.

Огромното мнозинството граѓани од над 80% се одлучи дека иднината на Македонија е во ЕУ и НАТО.

Ајде сите заедно, да ја следиме мнозинската волјата на граѓаните, да ја преземеме нашата историска должност и да обезбедиме иднина на Македонија и нејзините граѓани како членка на ЕУ и НАТО.

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени