mchi

Најнови вести

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ не знае веќе што да измисли, соочено со вистината дека уставните измени го зајакнуваат идентитетот

dbi

09.10.2018

Соопштение за јавност


Јавно објавените уставни измени јасно покажуваат дека со нив се заштитува, зајакнува и гарантира македонскиот идентитет, кој конечно е признаен од целиот свет, вклучително и од Грција.

Соочено со вистината, раководството на ВМРО ДПМНЕ не знае веќе што да измисли.
Лагите на ВМРО-ДПМНЕ се демантирани од сите надлежни институции, како и од мисијата на ОБСЕ/ОДИХР.
Денот на референдумот беше оценет како мирен, спокоен и добро организиран, со мирнa кампања и постапки што се воделе непристрасно.

Над 80 проценти од граѓаните и над 90 проценти од излезените граѓани јасно и недвосмислено се ЗА членство во ЕУ и НАТО.

Сите пратеници во Собранието, вклучително и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ мора да преземат одговорност, да ја следат волјата на мнозинството и да дадат поддршка на уставните измени.

Амнестија за криминалот на Никола Груевски нема, Македонија ќе биде членка на ЕУ и НАТО.

 

Скопје, 09.10.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени