mchi

Соопштенија

Врвот на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лажни вести, пратениците да ги поддржат уставните измени кои го гарантираат идентитетот

dbi

10.10.2018

Соопштение за јавност


Раководството на ВМРО-ДПМНЕ соочено со вистината и со волјата на огромното мнозинство граѓани, шири само лажни вести.

Граѓаните го кажаа својот став. 80 отсто од сите граѓани и над 90 отсто од оние кои гласаа на реферндумот, јасно кажаа дека се за иднина во ЕУ и НАТО.

Процесот продолжува понатаму, сега е време пратениците да ја оправдаат довербата која им е дадена токму од граѓаните и одговорноста да ја испочитуваат нивната волја, да ги поддржат процесите во Собранието и уставните измени да бидат усвоени.

Со предлог измените се потврдува дека идентитетот, јазикот и македонската посебност се загарантирани и трајно заштитени. Со уставните измени не се губи ништо, туку напротив, се обезбедува иднина во ЕУ и НАТО со зајакнат македонскиот идентитет кој конечно станува признаен од целиот свет.

Време е сите пратеници кои се за НАТО и ЕУ вклучително и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да не подлегнуваат на притисоци и да гласаат по сопствено убедување, водејќи се и од одговорноста на пратеници избрани од граѓаните да ја испочитуваат мнозинската волја на граѓаните, кои се за влез во ЕУ и НАТО со заштитен и загарнтиран македонски идентитет.

 

Скопје, 10.10.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени