mchi

Соопштенија

Лажните вести станаа секојдневие за раководството на ВМРО-ДПМНЕ, продажбата на ЕДС е законска и транспарентна

dbi

10.10.2018

Соопштение за јавност


Лажните вести што секојдневно ги рециклира ВМРО-ДПМНЕ нема да го сменат фактот дека економските политики на Владата даваат резултат, ниту пак ќе ги прикријат огромните штети од криминалното и распиничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Продажбата на компанијата ЕДС, за која ВМРО-ДПМНЕ денес шири лажни вести е законска и транспарентна, а јавноста беше информирана и за прецизниот износ за кој компанијата е продадена. Како што е јавно соопштено, компанијата ЕДС била лична сопственост на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, додека останатите 10% биле во сопственост на групацијата Фероинвест, а согласно законите, при продажба на удел во компанија кој е во лична сопственост на физичко лице, купопродажната цена се префрла на лицето кое е сопственик на уделот.

Залудни се лажните вести на раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Вицепремиерот за економски прашања Анѓушев и Владата предводена од СДСМ продолжуваат со спроведување на зацртаните мерки и проекти што обезбедуваат повеќе инвестиции, поголеми плати, нови работни места и засилен економски раст.

 

Скопје, 10.10.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени