mchi

Прес центар

Костадинов: Дали тоа што бил советник за енергетика на Груевски, му помогнало на пионот Мицкоски да добие согласност за хидроцентрали

dbi

25.10.2018

Прес конференција,
Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата
Скопје, 25.10.2018

Почитувани граѓани,

Антизападниот пион Христијан Мицкоски пред јавноста треба да одговори како компаниите во кои тој има удел, од Владата на Никола Груевски добил согласност за изградба на хидроцентрали и закуп на земјишта за мали хидроцентрали?

Дали тоа што бил советник за енергетика на носителот на криминалот Никола Груевски, му помогнало на антизападниот пион Мицкоски?

Почитувани,

Очигледно има причини поради кои Мицкоски посветено ги следи погубните, криминални политики на неговиот ментор Груевски, а преку кои нанесува штета на државните и национални интереси.

Очигледно Мицкоски е дел од криминалите на Груевски и затоа по секоја цена тој и раководството на партијата се обидуваат да ја закочат иднината на Македонија и да ја вратат во изолација и неизвесност.

Ова е уште една причина преостанатите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да не ги следат овие антизападни и криминални политики на Груевски и Мицкоски и да се приклучат на процесите што обезбедуваат иднина во ЕУ и НАТО.

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени