mchi

Прес центар

Кирацовски: Македонија како едно општество чекори кон ЕУ и НАТО

dbi

26.10.2018

Изјава за медиуми,
Александар Кирацовски, пратеник и генерален секретар на СДСМ
Скопје, 26.10.2018


Почитувани новинари,

Чест ми е што денеска имам можност да се обратам на конференцијата „Кон интегративниот мултикултурализам“ во организација на Асоцијацијата за демократски иницијативи.

Република Македонија отсекогаш била позитивен пример како се негуваат и почитуваат различните етникуми, култури и религии.

Денес, после одреден период сите сме особено горди на градењето на едно општество на еднакви граѓани – концепт што обезбедува иднина за сите во нашата држава.

Она што е особено важно е што нашата држава е во еден интегративен процес и на културите и на религиити, етникумите се со цел да обезбедиме едно општество за сите коешто храбро чекори кон ЕУ и НАТО.

Лично, како пратеник во Собранието на Република Македонија, впрочем и како претседател на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците останувам целосно посветен на подобрување на процесот на унапредување на мултикултурализмот во нашата Република Македонија.

Република Македонија како едно општество за сите, храбро чекори во ЕУ и НАТО, особено во ЕУ која што претставува симбол на различностите коишто заедно и интегративно чекорат напред.

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени