mchi

Прес центар

Kостадинов: Спрегата со Груевски се проширува, покрај Хидро Мицкоски, и други членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во шемите со хидроцентралите

dbi

30.10.2018

Прес конференција,
Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ и коалицијата
Скопје, 30.10.2018


Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Јавноста дозна за шемите помеѓу Хирдо Мицкоски и носителот на криминалот, Никола Груевски.

Се дозна како конзорциоумот во која удел има антизападниот пион Мицкоски добил согласност за користење вода и закуп на земјиште за изградба на хидроцентрали од Владата на Груевски, во 2015 година, во време кога му бил негов советник за енергетика.

Но, овие шеми се надоградени и проширени со други членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кои покрај Хирдо Мицкоски имаат удел во сопствеништвото на комапнијата „Енерготек ДОО Скопје“.

Почитувани,

Овој документ покажува дека во сопственичката структура на Енерготек ДОО Скопје покрај антизападниот лидер Христијан Мицкоски е и членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Димитар Димовски.

Антинародниот и антизападниот пион Христијан Хидро Мицкоски треба да одговори:

-Дали Димитар Димовски, еден од сопствениците на „Енерготек ДОО Скопје“, е токму членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, државен советник во Министерството за транспорт и врски?

Дали е тоа истиот Димитар Димовски, некогашната десна рака на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој денес се соочува со бројни судски процеси?

Почитувани,

Спрегата помеѓу антидржавното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со антинардониот пион Хидро Мицкоски и носителот на криминалите, Никола Груевски е повеќе од очигледна.

Затоа Хидро Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ доследно ги следат погубните политики на Никола Груевски.

Тоа истата матрица, во ова ВМРО-ДПМНЕ нема никакви промени.

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени