mchi

Прес центар

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ го следат антизападното раководство, се обидуваат да ја блокираат работата на општината

dbi

31.10.2018

Изјава за медиуми,
Берат Весел, советник во Советот на општина Гази Баба од СДСМ и коалицијата
Скопје, 31.10.2018

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба продолжува да дејствува спротивно на интересите на општината и на граѓаните.

Наместо да се закануваат со неосновани тужби, советниците треба да знаат дека во моменти кога претседателот на Советот одбива да свика седница, право да свикаат седница на Советот имаат и градоначалникот, како и членовите на Советот.

Токму советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, треба да објаснат зошто нивната партија сака да го блокира работењето на Советот на општина Гази Баба.

Предложените точки на 16-тата седница, се истите оние две точки кои ВМРО-ДПМНЕ ги блокира уште од 28.09.2018 година, коа за прв пат се поставени на дневен ред на 14-тата седница.

Се уште останува нејасно како советниците на ВМРО-ДПМНЕ уште на 26 септември 2018 година кога се одржувала седницата на Комисијата за урбанизам гласале за овие две предложени точки, со заклучок дека комисијата едногласно предлага Советот да ги усвои предложените точки кои се однесуваат на деталните урбанистички планови.

Очигледно е дека советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, доследно ги следат погубните политики на нивното антизападно раководство и затоа по секоја цена се обидуваат да ја блокираат работата на Општината.

Советничката група на СДСМ и коалицијата, градоначалникот Борис Георгиевски и општинската администрација продолжуваат со спроведување на зацртаните проекти за развој на општина Гази Баба.

Ниту една блокада, ниту една закана од страна на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, нема да го спречат развојот на Гази Баба која во последната година се гради како модерна, урбана и развојна општина.

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени