mchi

Најнови вести

Сите пратеници да се вклучат, да ги поддржиме амандманите, и антизападното ВМРО-ДПМНЕ призна дека подобар договор не е можен.

dbi

02.11.2018

Прес конференција,
Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ
Скопје, 02.10.2018

 

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Александар Николоски вчера призна дека тој, антизападниот Мицкоски и антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ со месеци свесно ги лажеле граѓаните.

Да, точно е, не може да се направи подобар договор со Грција од Договорот склучен во Преспа. Тоа ние јавно го зборуваме со месеци наназад, свесни за одговорноста којашто ја имаме за иднината на државата.

Од друга страна, со месеци наназад, Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ ги на калкулантски начин, крајно несериозно и неодговорно ги лажеа граѓаните, ги лажеа сопствените членови, ги лажеа пратениците.

Она што сега го признава антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните, на пратениците, на јавноста им е јасно одамна.

Договорот од Преспа го зајакнува и заштитува идентитетот и се отвораат перспективите за членство во ЕУ и НАТО, што значи реализација на стратешкиот интерес на Македонија.

Ова е уште една причина сите пратеници, особено останатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, да ја напуштат криминалната матрица на Груевски и Мицкоски и да се вклучат во започнатиот процес во Собранието што обезбедува иднина во ЕУ и НАТО.

Сега кога текстот на амандманите на уставот се подготвени ги повикуваме сите пратеници, и оние од ВМРО-ДПМНЕ, да ги поддржат.

Почитувани пратеници,

Станува збор за иднината на државата. Да ги оставиме ситните калкулации на антизапдното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, нивните лаги секојдневно излегуваат на виделина.

Наместо за иднината на Никола Груевски на што е фокусирано ова антизападно раководство на ВМРО-ДПМНЕ да се фокусираме на иднината на Македонија и на сите нејзини граѓани.

На тој начин, заеднички, како што личи за олку важно прашање коешто значи исполнување на стратешките интереси на нашата татковина.

Одговорноста е во наши раце, ајде заедно да ја донесеме одлуката за иднината во НАТО и ЕУ!

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени