mchi

Прес центар

ОЈО да постапи по допрен глас, да истражи судир на интереси во шемите на Мицкоски и Груевски за хидроцентралите

dbi

05.11.2018

Прес конференција,
Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ
Скопје, 05.11.2018


Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Јавноста ја дозна целата вистина за спрегата на антизападниот пион Христијан Мицкоски со неговиот ментор Никола Груевски и шемите за хидроцентрали.

Денеска, го повикуваме надлежното Основно јавно обвинителство да постапи по допрен глас и да ги истражи сите сомневања за судир на интерси.

Дополнително, го повикуваме Основното јавно обвинителство да ги истражи и основаните сомневања за огранизирано незаконско постапување, да утврди дали во овој случај има и организиран криминал за лично богатење на поединци.

Сомежите се основани и поткрепени со документи коишто покажуваат дека:

Во време кога Мицкоски му бил советник на Никола Груевски, преку фирмата „Енерготек ДОО Скопје“ во која лично тој има удел, од Владата добил 33 илјади метри квадратни земјиште за изградба на хидроцентрала.

Како што се гледа од овој документ Мицкоски, е еден од сопствените на компанијата „Енерготек ДОО Скопје“. Заедно со компанијата „Минка ДА“ го основаат конзорциумот „Минка-Енерготек“, кој е избран за најповолен понудувач и подоцна го добива земјиштето.

Уделот на фирмата „Енерготек ДОО Скопје“ во конзоцриумот денеска изнесува 99 отсто.

Ова, е класичен судир на интереси.

Сомнежите, односно потребата за утврдување на дополнително незаконско постапување или организиран криминал е поради неколку причини:

Во оваа компанија, „Енерготек ДОО Скопје“, покрај Мицкоски сопственик е и Димитар Димовски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Димовски е познат како соработник односно лева рака на тогашниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, против кого се водат повеќе постапки пред надлежните органи.

Во времето кога оваа компанија го добила земјиштето, односно бизнисот, Димовски извршувал висока функција во Министерството.

Дополнителен сомнеж отвора фактот што фирмата „Енерготек ДОО Скопје“, преку споменатиот конзорциум, добива концесија за користење на Вода за производство на електрична енергија со изградба на хидроцентрала, само два месеци по отворањето.

Сите овие информации и документи се јавно достапни на увид на граѓаните и секој може да го потврди ова што го говориме.

Спрегата помеѓу ова антизападно раководство на ВМРО-ДПМНЕ и пионот Христијан Мицкоски со Никола Груевски е очигледна.

Очекуваме Основното јавно обвителство и сите други надлежни институции да постапат и за наодите да ја информираат јавноста.

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени