mchi

Најнови вести

Во отсуство на аргументи, врвот на ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го одолговлекува процесот, дали новинарите во Собранието не се јавност?

dbi

07.11.2018

Соопштение за јавност

 

Во отсуство на аргументи за дебата, анитзападното и антинародно раководство на ВМРО-ДПМНЕ бара изговори со кои се обидува на секаков можен начин да го одолговлекува процесот во Собранието што обезбедува иднина во ЕУ и НАТО.

Очигледно е дека и новиот координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со истите методи на деструкции по налог на антизападниот пион Христијан Мицкоски.
Целокупниот процес за измените на Уставот е отворен и транспарентен, а граѓаните знаат се.
Јавноста е запознаена со сите детали на Догoворот, од самиот почеток, со целокупната негова содржина. Граѓаните се запознаени и со содржината на амандманите и нивниот опсег на употреба.
Сите чекори во Собранието се јавни и транспарентни.
Медиумите се присутни и денеска во салата, а јавноста има увид во целиот процес.
Дали пристуните новинари и медиуми во Собранието за антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не се јавност?

Заглавени во матрицата на Груевски тие се навикнати нешто да кријат од јавноста, но тоа важи само за антизападното раководство на ВМРО ДПМНЕ.
Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ залудно се обидува да манипулира со јавноста.

Како што јавно објасни претседателот на Собранието, Талат Џафери, директен пренос не е возможен поради технички причини и недоволно капацитет, бидејќи паралелно со процесот во Комисијата за уставни прашања, ќе следуваат и пленарни седници на Собранието кои редовно одат во директен пренос.
Залудно антизападното раководство се обидува да го одолговлекува процесот.
Се докажа се она што се тврдеше во измнатиот период – идентитетот е зајакнат и загарантиран, а патот кон ЕУ и НАТО е отворен. Единствено антизападното раководство на ВМРО ДПМНЕ е против ЕУ и НАТО.

 

Скопје, 07.11.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени