mchi

Соопштенија

Решен е деценискиот проблем со водата во Гевгелија, пуштен во употреба нов водоснабдителен систем, обезбедена чиста вода за граѓаните

dbi

08.11.2018

Соопштение за јавност


Деценискиот проблем на граѓаните на Гевгелија кои немаат пристап до чиста и квалитетна вода за пиење конечно е надминат.

Пуштен е во употреба нов водоснабдителен систем, инвестиција вредна 1.7 милиони евра, преку кој се обезбедуваат дополнителни количества на чиста вода за пиење.

Со новиот систем во кој има три нови бунари ќе се обезбедат дополнителни 200 литри во секунда, со што проблемот со квалитетно снабдување со питка и чиста вода на граѓаните се решава за следните најмалку 30 години.

Со тоа, се става крај на небезбедната вода за пиење во Гевгелија, проблем што со децении предизвикуваше здравствени проблеми и проблеми во нормалното функционирање на граѓаните во Гевгелија и регионот.

Како одговорна партија, СДСМ и на централно и на локално ниво продолжува со спроведување на мерки и проекти што обезбедуваат здрава животна средина, повеќе пари кај граѓаните, економски раст и повисок животен стандард за сите граѓани.

 

Скопје, 08.11.2018

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени