mchi

Прес центар

Јавноста отворено се сомнева, дали на средбата Мицкоски-Груевски било договорено неговото бегство?

dbi

14.11.2018

Изјава за медиуми,
Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ
Скопје, 14.11.2018


Почитувани граѓани, почитувани новинари

Пред две недели антинародниот пион Христијан Мицкоски, јавно, во интервју (Алсат-М) призна дека имал повеќечасовна средба со неговиот ментор, осудениот криминалец Никола Груевски.

На таа средба, според признанието и зборовите на Мицкоски разговарале за „иднината“ и „личните моменти“ на осудениот Никола Груевски.

Јавноста, основано се сомнева дека пионот Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, знаеле за планот на Груевски.

Антизападниот пион Мицкоски пред граѓаните треба да одговори дали токму на таа средба било испланирано бегството на Груевски?

Ние, како и граѓаните, отворено се сомневаме дека досегашната одбрана на криминалот на Груевски од страна на Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е во функција да му помагнат во неговиот план. Вклучувајќи го тука и бегството.

Терминот „политички прогон“, користен од антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и медиумите под негова контрола, очигледно е со единствена цел, да му послужи како алиби за барањето азил на осудениот Никола Груевски.

Секој во Република Македонија и надвор од неа, знае многу добро, а судските одлуки го потврдуваат тоа, дека нема никаков политички прогон, туку спроведување на правда и правна држава.

Оттука, основани се сомнежите. Дали токму антизападниот Мицкоски и антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се соучесници во бегството на Никола Груевски?

Почитувани,

Ги повикуваме сите надлежни институции, конкретно Основното јавно обвинителство да отвори истрага и целосно да се расветли случајот и да се лоцираат сите виновници.

Сите сочуесници вмешани во бегството на криминалецот Груевски мора да одговараат пред законите.

Надлежните институции мора да ги искористат сите свои капацитети за Груевски да биде донесен онаму кадешто му е местото – на издржување на казната затвор.

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени