mchi

Прес центар

Поголеми плати во сите сектори, повеќе пари кај граѓаните со мерките од Буџетот 2019

dbi

19.11.2018

Прес конференција,
Хари Локвенец, пратеник на СДСМ и коалицијата
Скопје, 19.11.2018


Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Предлог Буџетот за 2019 предложен од Владата предводена од СДСМ е развоен и обезбедува повеќе пари кај граѓаните, поголема социјална еднаквост и подобра живејачка за сите.

Платите ќе растат во сите сектори. За да се зголеми мотивацијата, да се заштити професионалното достоинство да се зголеми ефективноста во работата.

Докторите специјалисти добиваат зголемување на платите за 10 отсто, почнувајќи веќе од јануари 2019 година.

Тоа ќе важи и за останатиот медицински персонал кој добива повисоки плати за 5 отсто.

Со ваквите мерки постигнуваме плата повисока од 90 илјади денари за специјалистите, со тенденција до крајот на годината таа да биде 100 илјади денари, онака како што ветивме пред граѓаните.

Зголемување на платите од 5 отсто ќе следува и во другите сектори, повисоки плати добиваат вработените во образованието, детските градинки, социјалните центри, судството, полицијата, армијата и за културните работници.

Со ваквото зголемување, ќе се зголеми расположливиот доход на домаќинствата, а просечната нето-плата во овој период ќе продолжи да расте, според очекувањата за 4,5% на номинална основа.

Исто така, во 2019 година ќе продолжи трендот на раст на платите во приватниот сектор, што ќе биде поддржано со владините мерки.

Пакетот активни мерки за вработување ќе изнесува 1.1 милијарда денари, со што се очекува намалување на невработеноста на рекордно ниски 20 отсто.

Овие мерки кои носат повеќе пари кај граѓаните, надополнети со интеграциските политики прават сериозно придвижување на економијата и носат подобра живејачка на сите граѓани.

Буџетот следната недела ќе биде и пред пратениците. Повикуваме на конструктивна дебата за дополнителни подобрувања во интерес на граѓаните.

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени