mchi

Прес центар

Шахпаска: Со буџетот за 2019 обезбедуваме зголемена социјална помош и образовен и детски додаток за над 60 000 деца

dbi

20.11.2018

Прес конференција,
Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ и коалицијата
Скопје, 20.11.2018


Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Градиме фер и социјално праведно општество на еднакви граѓани.

Со реформите на системот на социјална заштита и мерките во Буџетот за 2019 обезбедуваме сериозно зголемување на расположливиот доход во семејствата, социјална праведност и подобар живот за сите граѓани.

Воведуваме загарантиран минимален приход и „семеен пакет на права“ во износи значително поголеми од досегашната парична поддршка на социјално загрозените лица.

Примателите на социјална помош добиваат зголемен приход и до 300 отсто.

Истовремено, се олеснува пристапот до надоместокот на 24 000 домаќинства кои во моментот се приматели на социјална помош, но се создава можност да бидат опфатени и дополнителни 11.000 домаќинства.

Се воведува образовен и детски додаток за повеќе од 60.000 деца.

Новиот систем на социјална и детска заштита има за цел најголема помош да им се пружи на најранливите категории сограѓани.

Неговото спроведување ќе придонесе за извлекување на најранливите граѓани, но и на децата од сиромаштија.
Паралелно со ова, ќе се спроведат интензивни мерки за подготовка и активација на овие категории граѓани на пазарот на труд.

Воведувањето и спроведувањето на реформираниот систем на социјална и детска заштита во наредната година година значи обезбедување на дополнителни 2,2 милијарди денари по овој основ, пари кои ќе се вратат назад, кај граѓаните.

Ова, почитувани, се само дел од мерките во полето на социјалната заштита кои имаат за цел да ја унапредат социјалната праведност, но и трајно да извлекуваат од сиромаштија.

Предлог Буџетот за 2019 наскоро ќе влезе во собраниска процедура. Повикуваме на конструктивна дебата за натамошни подобрувања во интерес на граѓаните.

Продолжуваме посветено да работиме на мерките што обезбедуваат повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени