mchi

Прес центар

Растот на просечната плата на 24.355 денари потврдува, економијата е стабилна, платите растат

dbi

21.11.2018

Прес конференција,
Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ
Скопје, 21.11.2018

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Обезбедуваме повеќе пари кај граѓаните и раст на платите за подобра живејачка.

Последните официјални податоци на Државниот завод за статистика го потврдуваат тоа. Економските политики даваат резултат.

Просечната плата во месец септември оваа 2018 година изнесува 24.355 денари.

Тоа е за 4.8 отсто или за 1.126 денари повеќе во однос на септември 2017 година.

Споредбено со септември 2016 година, во времето на претходната на власт, тоа значи зголемување за 2.164 денари повеќе.

Растот на просечната плата се должи на серијата позитивни мерки за поттикнување на растот на платите во приватниот и во државниот сектор.

Овие мерки доведода до покачување на минималната плата, на платите во образованието, здравствената и социјална заштита, но забележан е значителен раст на платите и во одредени гранки од приватниот сектор.

Почитувани граѓани,
Трендот на раст на платите продолжува. Со мерките опфатени и во предлог Буџетот за 2019 година вработените во здравството, образованието, одбраната, полицијата, судството, во социјалната и детска заштита добиваат поголеми плати.

Вработените во овие сектори ќе добијат покачување на платите од 5 отсто, додека докторите специјалисти ќе добијат покачување од 10 отсто.

Со низа мерки предвидени во Буџетот за 2019 ќе се засили поддршката од државата кон претпријатијата, за платите да растат и во приватниот сектор.

Почитувани,
Зборот е збор. Ја отворивме спиралата на раст на платите што обезбедува повеќе пари кај граѓаните и поголем расположлив доход кај домаќинствата, за повеќе пари во секое семејство, за повеќе пари кај секој граѓанин.
Со политиките и чекорите за интеграција во земјава овие трендови ќе се засилуваат, платите ќе растат.
Остануваме посветени на заложбите за обезбедување економски раст, нови зголемени инвестиции, повеќе пари и зголемен животен стандард за сите граѓани.

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени