mchi

Прес центар

Мицкоски потврдува дека ги брани криминалните политики на Груевски, проблемот со Југохром е решен

dbi

21.11.2018

Одговор на новинарско прашање,
Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ
Скопје, 21.11.2018

 

Медиуми: Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ве обвинува за Југохром дека се одложува нејзиното отворање како и рестартирање на фабриката со нови пумпи за прочистување на воздухот, како го коментирате тој пост на Христијан Мицкоски, и што ќе се направи во иднина со Југохром?

Со таквите изјави, Мицкоски потврдува дека останува единствениот бранител на криминалот на неговиот ментор Никола Груевски и неговите криминални политики.

Претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ со години ги лажеше граѓаните во целиот полошки регион дека ќе им го реши на проблемот со Југохром, но за жал тоа не се случи.

За разлика од нив, оваа нова Влада предводена од СДСМ се заложува и се заложи да го реши проблемот со Југохром.

Со задоволство јас можам да констатирам дека проблемот со Југохром е решен и со тоа го решаваме и проблемот на работниците, со тоа допринесуваме и за целокупната економија во државата и секако за зачувување на животната средина.

Добро ви е познато дека рестартирањето на Југохром ќе значи обезбедување на сигурни плати за многу граѓани и секако обезбедување на стабилен доход за многу семејства токму во Јегуновце и во целиот тој регион.

Она што треба да го имаме во предвид е дека рестартирањето на Југохром ќе учествува со 1% во бруто домашниот производ и тоа не е за потценување, а секако со изградбата на новата филтерската постројка го решаваме и проблемот со загадувањето на животната средина.

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени