mchi

Прес центар

Обезбедуваме повеќе пари и поголема грижа за земјоделците „зелена нафта“ и нови капитални инвестиции

dbi

22.11.2018

Прес конференција,
Славица Шуманска -Митева, пратеничка од СДСМ и коалицијата
Скопје, 22.11.2018

Почитувани новинари, почитувани граѓани,

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија останува посветен на грижата за земјоделците, обезбедување на сигурен пласман на земјоделските производи и развој на земјоделството.

Во таа насока, предлог Буџетот за 2019 година подготвен од Владата предводена од СДСМ обезбедува поголема грижа, повеќе пари за земјоделците и силна поддршка за земјоделството.

Земјоделците добиваат 10.5 милијарди денари или околу 160 милиони евра. Најголем дел од овие средства, 8.5 милијарди денари, се за директна финансиска помош на земјоделците.

Земјоделците добиваат над 6,6 милијарди денари за целосна, навремена и неселективна исплата на субвенциите.
За мерките од Програмата за рурален развој во 2019 од Буџетот земјоделците добиваат 1,7 милијарди денари, односно, 148 милиони денари повеќе отколку за оваа година.

Во наредната година, година за првпат во историјата ќе се реализира и мерка „зелена нафта“ којашто ја ветивме пред земјоделците.

Тоа ќе значи поддршка на земјоделските стопанства од 30% при набавка на гориво за земјоделска механизација, со што ќе се намалат трошоците за производство.

Во 2019 година, земјоделците добиваат и 290 милиони денари или близу 5 милиони евра повеќе за капитални проекти, за водостопанството.

Почитувани,
Ова се само дел од мерките што обезбедуваат зголемена помош и поддршка за земјоделците.
Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство продолжуваат со спроведување на мерките што го унапредуваат земјоделството кое е една од најзначајните стопански гранки во државата.

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени