mchi

Обраќања

Кирацовски: Стрежево е пример за капитален, стратешки објект што обезбедува квалитетен живот за граѓаните

dbi

26.11.2018

Изјава за медиуми,
Александар Кирацовски генерален секретар на СДСМ
Битола, 26.11.2018

Почитувани граѓани, почитувани новинари

Денес, одбележуваме јубилеј 40 годишнината од основањето на Јавното претпијатие Стрежево, еден од најреперзентативните капитални објекти во нашата Република Македонија.

Денес, она што е особено важни е да се истакне дека токму од тука од хидросистемот Стрежево со питка вода се снабдува Битола и околината, се наводнува Битолско поле, со технолошка вода за нашиот најголем енергетски комплекс РЕК Битола, како и останатите фабрики во Битола и околината.

Со една реченица – ЈП Стрежево обезбедува живот за Битола и нејзината околина.

Она што е многу битно е што ЈП Стрежево е еден од поттикнувачите и на туризмот во Битола, затоа што сите ние сме претпознатливи како битолчани по Нижеполе, по летниот и зимски центар и нормално по двата ски лифта.

Како битолчанец, особено сум горд што денеска сум денеска тука и им благодарам на поканата и на директорот и на ЈП Стрежево, тоа е едно од најбитните претпријатија во оваа околина, еден од најголемите капитални објекти кои што истовремено имаат влијание и врз туризмот и врз енергетиката и врз земјоделието, и нормално врз човековото живеење, тука.

Она што сакам да го истакнам е дека како пратеник и генерален секретар на најголемата владејачка партија, сакам да истакнам дека стојам комплетно на располагање и ќе настојувам ова јавно претпријатије да се зачува комплетно, да се работи домаќински особено како последната година и половина, и да интервенирам со сето мое влијание што го имам истото да биде унапредено максимално.

Вакви капитални објекти и се потребни на Битола, и се потребни на цела Македонија и ние како парламентарно мнозинство, како Влада на Република Македонија, правиме се да обезбедиме значајни предуслови вакви капитални објекти да се иницираат, да се градат, и нормално да се одржуваат.

Нека е честит јубилејот на ЈП Стрежево.

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени