mchi

Обраќања

Ременски: Стратешките интереси, НАТО и ЕУ се во фокусот на помирувањето и работата на Интерпартиската група

dbi

30.11.2018

Изјава за медиуми,
Фросина Ременски, потпретседателка на Собранието на Република Македонија, и потпретседателка на СДСМ
Скопје, 30.11.2018

Морам да кажам дека примарниот дух на оваа дебата што се води помеѓу интерпартиската група се стратешките цели и интереси на Република Македонија, а тоа е заокружување на процесот на уставни измени, добивање на членството за НАТО и секако, важниот процес на отпочнување на преговори со Европската Унија, што искрено очекуваме да отпочнат во јуни следната година.

Сите оние процеси се комплементарни. Секако, она што е интерес на јавноста и на медиумите, и заинтересираните за овој процес и работата на групата, вниманието е фокусирано на Законот за амнестија. Јас можам слободно да кажам дека работните групи и тела имаат мандат, бидејќи го имаат веќе и составот, ги имаат и претставниците од владата што ќе учествуваат во работата на ова тело. Ги имаат сите механизми што им се дадени согласно одлуката, да вклучуваат и други пратеници, правни експерти, да ги вклучат МАНУ, цивилно општество, медиуми, коишто ќе можат да сугерираат и даваат решенија за овој комплексен процес, којшто повторно ќе кажам е во интерес на стратешките интереси на Република Македонија.

Широк е фронтот за дебата, важно е дека сите ние коишто учествуваме и претставуваме политички партии внатре во интерпартиската парламентарна група имаме јасен изразен консензус дека патот на Република Македонија кон помирувањето и релексирањето на општествено политичката реторика мора да почне од Собранието на Република Македонија, за да може да рефлектира позитивна атмосфера во процесите којшто ќе обезбедат иднина на Република Македонија.

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени