mchi

Најнови вести

Растат платите и пензиите, повеќе пари кај граѓаните,повеќе пари во секое семејство

dbi

02.12.2018

Прес конференција,
Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ
Скопје, 02.11.2018

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Се повеќе пари се враќаат назад кај граѓаните, во семејствата, кај работниците, пензионерите, кај социјално ранливите граѓани.

Во годината зад нас, реализиравме бројни мерки што обезбедуваат повисок животен стандард и повеќе пари кај граѓаните, повеќе пари во секое семејство.

Се отвори спиралата на раст на платите. За само две години просечната плата бележи раст од над 2.000 денари.

Пензиите го следат растот на платите и трошоците за живот и за две години просечната пензија пораснала за околу 1.400 денари.

Минималната плата ја зголемивме на 12.000 денари и ја изедначивме и за работниците од кожарската и текситлната индурстија. Со тоа над 90 илјади работници добиваат зголемена плата. Значи над 90 илјади работнички семејства имаат во просек повеќе од 2.000 денари зголемен приход секој месец, само од оваа мерка.

Стечајните работници, добиваат паричен надоместок од 7.596 денари месечно. Со неодамнешните измени на Законот за стечајци се зголеми опфатот на 8.100 граѓани кои го добиваат овој надомест.

Ја укинавме радиодифизната такса. Со оваа мерка финансиски ги ослободивме граѓаните и овозможивме во просек по 2.000 денари дополнителни средства да се слеваат во секое семејство, за период од една година, само со оваа мерка.

Ја воведовме ефтината тарифа на струјата со што овозможивме 11 милиони евра да се вратат назад кај граѓаните.

Просечно семејство односно домаќинство во земјава, само со оваа мерка добива околу 1.600денари повеќе пари, за период од една година.

Платите ќе продолжат да растат во сите сектории во наредната година, за што се предвидени низа мерки во Буџетот за 2019 година

Вработените во образованието, здравството, социјалните центри, детските градинки, одбраната, војската, полицијата и судството добиваат повиоски плати за 5 отсто. Докторите специјалисти добиваат повисоки плати од 10 отсто.

Преку зголемената државна поддршка за претпријатијата, платите ќе растат и во приватниот сектор.

Значително се зголемува социјалната помош. Преку воведувањето на мерките гарантиран минимален приход и семеен пакет на права, лицата приматели на социјална помош, добиваат и до 300 отсто зголемена социјална помош.

Создаваме можности, околу 60.000 деца да добиваат детски и образовен додаток.

Почитувани,

Резултатите се видливи и тие се добра основа за овие позитивни трендови во економијата да продолжат.

Како Влада, пратеници и како политичка опција продолжуваме со реализација на мерките од програмата кои носат повеќе пари кај граѓаните и подобра живејачка за сите.

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени