mchi

Најнови вести

Митрески: Ставаме крај на репресивната политика, ги намалуваме казните, укинуваме двојно казнување, воведуваме превенција преку опомени

dbi

04.12.2018

Прес конференција,
Јован Митрески, пратеник од СДСМ и коалицијата
Скопје, 04.12.2018

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Репресивната казнена политика којашто во минатото беше селективна и служеше за притисоци, закани и за уништување на фирмите, ја менуваме со праведна казнена политика што ќе биде вистински коректив во работата на фирмите.

Со новиот закон за прекршоци што е во владина процедура, предвидуваме намалување на ригорозните казни за фирмите и граѓаните, ја засилуваме превенцијата со воведување на опомена пред казнување.

За малите фирми, според новиот закон, минималната глоба ќе биде 50 евра, а максималната глоба ќе изнесува 2000 евра. За споредба, во стариот закон максималната глоба изнесуваше 5000 евра – што значи глобите за малите фирми се намалуваат за два и пол пати.

Она што е особено важно што се укинува двојната санкција којашто се изрекуваше според постојниот Закон за прекршоци според кој трговец поединец се третираше како правно лице.

Со новиот закон трговец поединец, и малите и микро фирми ќе се третираат според Законот за трговски друштва како физички лица и нема да плаќаат двојни казни, еднаш како физичко и еднаш како правно лице.

Заврши времето на изживување врз компаниите и граѓаните,заврши и времето на драконски казни. Владата предводена од СДСМ воведува нов столб на казнената политика, а тоа пред се е превенцијата и опомена пред изрекување казна.
Опомената ќе се изрекува ако прекршокот се состои од неисполнување на пропишаната обврска или е нанесена штета, а сторителот пред донесување на одлуката за прекршок ја исполнил пропишаната обврска, односно ја отстранил или надоместил штетата.

Опомена се изрекува и во случаи кога прекршокот е сторен за првпат и не предизвикал штетни последници, ниту пак го загрозил јавниот интерес.

Паралелно со ова, со Законот за извршување и Законот за нотаријат, закони што веќе се во собраниска процесура, драстично се намалуваат адвокатските, нотарските и трошоците за извршителите.
Трошоците за нотарските и услугите на извршителите се намалуваат од 50 до 90 отсто, а 16 различни ставки со новите тарифници целосно ќе бидат укинати.

Собранието претходно веќе го усвои и Законот за отпис на камати на долгови, со кој ќе бидат отпишани каматите на главниот долг за различни комунални дејности, телефонија, вода и смет, електрична и топлинска енергија, одржување на заеднички простории...

Владата предводена од СДСМ и пратениците остануваат посветени на спроведување на мерките што обезбедуваат намалени трошоци за правните и физички лица, повеќе пари за граѓаните и повисок животен стандард за сите.

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени