mchi

Соопштенија

Криминалот на ВМРО-ДПМНЕ остави пустош, сега глуми лажна загриженост, само 4 помали производители ја покачиле цената на еден тип леб

dbi

06.12.2018

 Соопштение за јавност

Животот на стотици илјади граѓани беше ставен на работ на егзистенција токму преку криминалните политики на антинародната ВМРО ДПМНЕ која врз основа на лично богатење на поединци ја осиромаши и задолжи државата .

За разлика од таквиот однос, Владата предводена од СДСМ преку конкретни мерки ја стабилизираше и придвижи економијата, се обезбедуваат повисоки плати за сите работници, се зголемуваат инвестициите, а повеќе пари остануваат кај граѓаните.

Растот на Бруто домашниот производ од 3 отсто во третиот квартал од 2018 година е последниот показател за успешноста на економските мерки на Владата предводена од СДСМ.

Додека еконономијата расте и се обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ преку груби манипулации продолжува да глуми загриженост за граѓаните.

Според јавно објавените податоци од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство промената на цената на лебот се однесува на еден тип на леб и корекцијата ја имаат направено само четири производители на леб, а досега ниту еден голем производител на леб ја нема зголемено цената на лебот.

Доколку дојде до драстично зголемување на цените и на другите типови на леб, што би влијаело врз поскапување на животниот стандард на граѓаните,институциите, Министерството за земјоделство веднаш ќе интервенира преку Агенцијата за стокови резери. На тој начин ќе се интервенира на пазарот за стабилизирање на цената на лебот доколку биде потребно.

Скопје, 06.12.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени