mchi

Најнови вести

Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ е симбол на криминал и злоупотреби, од овде се давале насоките и за 27ми април

dbi

07.12.2018

Прес конференција,
Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ
Скопје, 07.12.2018

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Секојдневно на виделина излегуваат нови сведоштва за монструозните планови и брутална злоупотреба на безбедносните институции, МВР и УБК од страна на режимот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
Овој луксузен дворец зад мене е центарот во којшто биле координирани сите злоупотреби како и нападнат на 27 ми април.

Според јавни сведоштва и признанија, токму во оваа зграда на ВМРО-ДПМНЕ, „на 8-ми спрат“ бил центарот од каде се планирал и изведувал бруталниот упад во Собранието на 27 април.
Оваа зграда зад мене, овој дворец на ВМРО-ДПМНЕ е симбол на криминалот, расипништвото, злоупотребите.
Јавноста и граѓаните се згрозени од она што се слуша во судниците, од начините на кои ВМРО-ДПМНЕ вработувала во УБК, како незаконски работела и следела неистомисленици, лидери на партии, пратеници, граѓани, планирала напади врз новинари, седници на ДИК...

Во овој период Христијан Мицкоски бил лева рака на Никола Груевски, советник во неговиот кабинет, дел од партиските структури.
Христијан Мицкоски не побара одговорност за криминалот, за злоупотребите, за нападот на 27 ми април туку се обиде да ги заштити криминалците, насилниците, нарачателите.
Затоа Мицкоски денес организира протести за заштита на криминалот, кадешто упатува закани кон судии и обвинители.

Затоа Мицкоски е против помирувањето, затоа ги кочи процесите кои обезбедуваат членство во НАТО и ЕУ.
Од овде, од пред овој симбол на криминалот и на злоупотребите на институциите уште еднаш упатуваме порака: Нема амнестија за оние кои нарачале, организирале и извршиле насилство на 27 април.
Македонија тргна напред и враќање назад во темното минато нема да има.

 


Одговор на новинарски прашања

 

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени