mchi

Најнови вести

После деценија уназадувања, денес Македонија е слободна држава во која се почитуваат и унапредуваат човековите права

dbi

10.12.2018

Прес конференција,
Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ,
Скопје, 10.12.2018


Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Денеска, на Меѓународниот ден на човековите права, како политичка опција, носител на промените, горди сме што дадовме придонес за заштитата на човековите права, за враќањето на слободата, демократијата и еднаквоста во општеството.

Од „заробена“ држава, симбол за масовна злоупотреба и газење на основните човекови права, во која се случи масовно нелегално прислушување, монтирани судски процеси, уценети и заплашени медиуми и новинари, системски погазани права и слободи, денес Македонија е слободна држава во која се почитуваат и унапредуваат човековите права и слободи.

Ја вративме слободата во Република Македонија. После деценија уназадувања, денеска, на Меѓународниот ден на човековите права со право можеме да кажеме дека граѓаните на Македонија се чувствуваат слободни, заштитени, еднакви и достоинствени.

Обезбедена е целосна слобода на говор и слобода на јавно мислење.

Од држава на замолчени, уценети и притиснати медиуми, денес во Македонија има слобода на говор, медиумите се ослободени од било каков притисок на власта, можат да известуваат и работат слободно и независно.

Реформата во безбедносните институции обезбедени преку Собранието и надлежните инстицуции, формирањето на новата Оперативно-техничка агенција, е гарант дека заврши времето на нелегално следење на комуникациите на граѓаните.

Заврши времето на едно системско прекршување на приватноста и основните човекови права и слободи.

Во тек се реформи во правосудството, за еднаков пристап до правда, се гарантираат човековите права и слободи во институциите и во судскиот систем. Се унапредува и заштитува презумпцијата на невиност, а Македонија веќе не е земја на полициска тортура.

Се унапредуваат и правата на децата. До крајот на годинава во социјалните установи ќе бидат сместени за 60 отсто помалку деца отколку во август минатата година.

Со ратификацијата на Инстанбулската конвенција, овде во Собранието, државата и сите нејзини институции засилено ќе се се борат против домашното насилство и насилството врз жените.
Активно се работи на реализација на ветувањето Македонија да биде држава без дискриминација.

Подготвен е новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација којшто обезбедува принцип на еднаквост во заштитата од дисриминација. Новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација е во согласност со правото на ЕУ и меѓународните стандарди и за него е добиено позитивно мислење од Венецијанската комисија и од граѓанските организации.


Остануваме посветени на градењето еднакво општество за сите граѓани. За таа цел, не само денеска, туку и останатите 365 дена во годината активно работиме на унапредување на човековите права и слободи, на еднаквоста и на владеењето на правото.

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени