mchi

Најнови вести

Антизападниот пион Мицкоски ги следи неговите шефови, нема да ја блокира иднината, Македонија оди кон ЕУ и НАТО

dbi

09.01.2019

Прес конференција,
Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник
Скопје, 09.01.2019

Почитувании граѓани, почитувани новинари,

Христијан Мицкоски не отстапува од намерата да го спречува членството на Македонија во НАТО и интеграцијата во ЕУ.

Колку што Македонија е поблиску до остварување на генерацискиот сон на нашиот народ, толку понервозни стануваат Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е типично деструктиувно однесување на антизападните пиони.

Мицкоски и антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ имаат само една цел, да предизвикаат тензии, омраза и насилства преку кои ќе се обидат да ја блокираат иднината на Македонија.

Мицкоски работи исклучиво по директива на неговите шефови кои се противат на успехот на Македонија и со тоа ги загрозува највисоките државни и национални интереси а тоа се членството во ЕУ и НАТО.

Мицкоски денеска потврди дека стои позади анти НАТО и анти ЕУ протестите на кои се повикува на насилство, се шири говор на омраза и се дејствува деструктивно. Мицкоски стои рамо до рамо со антизападните пиони Бачев и Петровски.

Но, тој знае и самиот, исто како што знаат и сите граѓани - антизападната агенда во Македонија не поминува. Македонија расчисти со изолацијата, омразата и Груевизмот. И граѓаните и пратениците се уверени дека иднината на Македонија е во ЕУ и НАТО преку прифаќање на Договорот од Преспа.

Мицкоски нема да ја блокира иднината во ЕУ и НАТО, нема да успее да го спречи напредокот на Македонија.

Граѓаните да останат смирени и да не подлегнуваат на провокации и сеење омраза. Граѓаните да бидат спокојни и горди, Македонија оди напред, во НАТО и ЕУ, Македонија станува глобална и напредна земја!

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени