mchi

Соопштенија

Мицкоски се сведе на портпарол на Бачев, додека им слугува на неговите шефови против НАТО и ЕУ

dbi

10.01.2019

Соопштение за јавност


Христијан Мицкоски не само што му се приклучи туку и самиот се сведе на портапол на Јанко Банчев, додека им слугува на неговите антизападни шефови против НАТО и ЕУ.

Ова е ново дефинирање на антизападниот Мицкоски откако јасно се позиционираше против државните интереси, против напредокот, против членството на Македонија во НАТО и ЕУ.

Од темната страна се деструктивците од минатото, Мицкоски, Бачев и антизападното раководството на ВМРО-ДПМНЕ кои сакаат Македонија да биде блокирана, заглавена, да нема иднината, да не биде дел од НАТО и ЕУ.

Од другата страна се граѓаните и нивните интереси за подобар живот, СДСМ, коалицијата, парламентарното мнозинство и прогресивните сили кои сакааат Македонија да оди напред, да биде членка на ЕУ и НАТО.

Антизападниот пион, Христијан Мицкоски денеска конечно призна дека ќе стори се Македонија да не влезе во НАТО и ЕУ.

Ама граѓаните се поголеми од него, од неговата омраза, од неговите поделби, од неговите црнила.

Македонија е далеку поголема од антизападните маргиналци како Мицкоски, Бачев и раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија ќе продолжи да оди напред, Македонија ќе биде членка на ЕУ и НАТО колку и тоа да не му се допаѓа на портпаролот Христијан Мицкоски.


Скопје, 10.01.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени