mchi

Најнови вести

СДСМ им честита на граѓаните, се отвора перспектива за сигурна иднина, членството во ЕУ и НАТО е извесно и реално

dbi

11.01.2019

Соопштение за јавност


Социјалдемократскиот сојуз на Македонија им честита на сите граѓани, со денешното усвојување на уставните измени, се испиша ново, историско поглавје, се заврте нова, светла страница на историјата на нашата татковина.

Се отвори перспектива за сигурна иднина за државата и граѓаните, за остварувањето на врвните стратешки приоритети - членството во ЕУ и НАТО станува реално и извесно.
Упатуваме честитки и до сите пратеници кои ја презедоа одговорноста за иднината и водејќи се од интересот на сите граѓани го поддржаа процесот на имплементација на Договорот од Преспа во Собранието, кој финишираше со уставните измени.
Македонското општество се издигна над политките на изолација и поделби, идентитетот е загарантиран, а македонската иднина во ЕУ и НАТО е обезбедена.

СДСМ е благодарна за поддршката од граѓаните, невладините организации, меѓународните пријатели и сите поддржувачи на интеграцијата на земјава во НАТО и ЕУ.

Скопје, 11.01.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени