mchi

Најнови вести

ВМРО-ДПМНЕ го уништи здравството а денес се обидува да шири неоснована паника, во тек се суштински реформи во здравството

dbi

09.02.2019

Соопштение за јавност

 

Катастрофалните и криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ во здравството резултираа со урнисан здравствен систем, погазени права на пациенти и катастрофално лоши услови за работи на здравствениот персонал.

Таквиот криминален однос на ВМРО-ДПМНЕ кон здравјето на граѓаните придонесе да опадне опфатот со вакцинација во 2014 година, а со тоа и да се намали колективниот имунитет.

Денес Владата и Министерството за здравство ја враќаат разнишаната доверба во здравствениот систе. Граѓаните ги прифаќаат препораките на Министерството и секојдневно расте бројката на вакцинирани. Според достапните податоци, досега вакцинирани се над 6000 лица со МРП вакцината.

Антинародното ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Микцкоски шират лажни вести и злоупотребуваат трагедии во обид да создадат неоснована паника меѓу граѓаните.

Вакцините се безбедни и се со добар рок на траење, од проверен европски производител, со два сертификати: за квалитет од производителот и од контролна лабораторија.

За разлика од криминалниот однос на ВМРО-ДПМНЕ во здравството денес Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство спроведуваат суштински реформи кои го унапредуваат здравствениот систем. Растат платите на лекарите, специјалистите и медицинскиот персонал, се инвестира во нова опрема и возила, изнајдено е одржливо решение за изградба на нов, модерен Клинички центар кој ќе пружа интегрирани здравствени услуги.


Скопје, 09.02.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени