mchi

Обраќања

Заев: По осми пат марширавме за еднакви можности

dbi

09.03.2019

Одговори на новинарски прашања,
Зоран Заев, претседател на СДСМ
Скопје, 09.03.2019

Медиуми: За утре е закажана лидерската средба во кој формат ќе биде дали само со Мицкоски или е планирано да биде и господинот Ахмети?

Навечер е закажана средбата во 20.00 часот во Владата на Репубика Северна Македонија, каде јас и господинот Мицкоски со по еден од нашите тимови, ќе разговараме на теми којшто се важни тоа се претстојните претседателски избори, ќе разговараме за реформските закони, ќе разговараме за важните прашања во државата.

Медиуми: Господинот Мицкоски рече дека ќе бара лустрација на сите политичари, од друга страна  бараат  да предложат свој Јавен обвинител?

Јас ќе почекам до утре да видам кои се барањата ќе ги соопштам и нашите и сите заедно како одговорност на сите политички партии ќе разговараме. Деталите прерано не би ги коментирал.

Медиуми: Зошто на оваа средба не се поканети и лидерите на албанските политички партии?

Ова не е потреба од некој формат на повеќе политички партии. Мене ми е значајно да разговараме за претстојните претседателски избори, за интеграцискиот процес на нашата земја, заради тоа што и НАТО не е завршено се уште, следува ратификацијата, да направиме се што можеме да направиме за да успееме до јуни да го добиеме конечно датумот за преговори, отворањето на поглавјата со ЕУ.  Тоа се важни работи и јас како премиер и претседател на најголемата политичка партија, со шефот на опозицијата ќе разговраме токму на тие теми, затоа што верувам во заедничката одговорност пред историските одлуки коишто треба нашата земја да ги донесе.

Медиуми: Дали господинот Пендаровски е безбеден, затоа што тој изјави дека го следат одредени служби?

Секако дека е безбеден, сега установивме дека се работи за сликање, за каква всушност кола имал, каква возел. Така што верувам дека сите граѓани на Република Северна Македонија треба да се чувствуваат безбедни и немаме причина зашто да не се чувствуваме безбедни, веројатно се уште има луѓе коишто во својата глава прават некои можности за наводни конструкции, или за тајни планови, работат со некои квази патриотски здруженија и слично. Веројатно потребата му беше за алудирање на тоа, јас го знам тоа бидејќи тоа се согледливи состојби коишто ги има во нашата земја тука, но дефинитивно нашата земја е безбедна, сигурна, стабилна и аспирант за членка во НАТО.



Медиуми: Ќе и се извините ли на опозицијата затоа што беше назначена дека работи како тајна служба?

Ќе ги дадат сите коментарите заради тоа што тие што се влезени во некои0 филмови, се влезени во такви филмови, но тоа не загрозува безбедност, но сепак живеат во такви, но апсолутно немам намера да се извинувам на опозицијата.

Медиуми: Зошто жените на СДСМ не излегоа вчера и да бидат единствени со сите останати и ова денеска наликуваше на митинг а сликата со автобусите наликува како во времето на Груевски, а и се користеше реториката на еконосмки раст и така натаму?

Апсолутно не е така, прво вчера бевме сите заедно нашите први претставнички на СДСМ, министерки во владата, во Парламентот беше мојата сопруга заедно со сите жени вчера на плоштадот заедно со министерката Мила Царовска како што тоа личи и како што тоа секогаш сме го правеле. Сабота го избравме како неработен ден, за да го организираме традиционалниот осмомартовски марш. Нашиот марш како што кажав не е марш за славење туку е континуирана борба за еднакови можности и права на жените и мажите, борба за поголема солидарност и социјална правда, еднаквост, здруженост, рамноправност, сплотеност во нашето општество и тоа го потенциравме. Потенцирајќи ги бројките како економски параметри потенцирав дека нашата држава се движи во вистински правец, а притоа тие бројки треба да се почувствуваат насекаде. Повикав да се почувствуваат кај сите граѓани пред се посиромашните на оние коишто им треба лек во болниците, на оние коишто им треба уште поквалитетно образование за деца коишто не одат на училиште и овој концепт на социјалдемократијата, на солидарност, на социјална правда, заедништво, помагање, одговорност, сеопшта правда, дефинитивно да го земеме како наша примарна обврска да им помогнеме на сите наши сограѓани.

Медиуми: За автобусите не ми одговоривте?

Автобусите апсолутно беа на сите оние жени кои сакаа да се приклучат, а не се од главниот град, автобусите ги плати СДСМ тоа е организиран превоз за традиционално по осми пат во овие години, го организираме како секој пат независно дали сме биле опозиција или власт, го правиме на еднаков идентичен начин и во масовност којашто е соодветна без било какви демонстрации на сили. Тука сме  со испраќање на пораки на солидарност, на сплотеност, другарство, пријателство и ставање на пиедестал на жената, поради тоа што нашите трајни определби се еднакви можности за сите и еднакви права на жените и девојките во нашата земја.

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени