mchi

Обраќања

Пендаровски: Прв пат после 10 години имаме јасна насока каде одиме, се кандидаирам за претседател за да продолжиме по тој пат

dbi

11.03.2019

Изјава за медиуми,
Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател,
Скопје, 11.03.2019

 

Ова е време на решавање на децениски проблеми, кои Македонија ја држеа закована за дното можеби дваесет и кусур години. За оваа работа да тргне напред и да излеземе од дното нагоре, најзаслужна е оваа владина структура, новата влада која од пред две години ја превзема одговорноста за земјата.

Во изминативе година и пол до две, се донесоа навистина тешки и сериозни одлуки, меѓутоа беше нужно да ги донесеме, затоа што без нив ќе останевме заковани во изолација и ќе бевме најобична паланка во рамки на Балканот, да не зборувам за Европа.

Се кандидирам за Претседател на државата, затоа што верувам во овој пат, затоа што верувам во насоката којашто започна да ја води државата новата Влада на чело со Зоран Заев, и мислам дека друга алтернатива подобра за нас, и како народ, како луѓе кои овде живееме и како држава, не постои.

 

Да не се замајуваме со алтернативни варијанти бидејки тие ќе не однесат, таму кадешто не треба да не однесат.

Единствениот пат за Република Северна Македонија е членка на ЕУ и членка на НАТО, ние практично сме пред вратата на НАТО за полноправно членство, очекуваме во јуни оваа година да добиеме датум за преговори и на тој начин да ја заокружиме таа стратешка цел Македонија да биде интегрирана во организации кои се пример за целиот свет, во однос на просперитет, во однос на безбедност, во однос на почитување на човекови права, во однос на сервис на граѓаните и така натаму.

Очекувам наредниов месец, два, во рамки на кампањава, и власта но и опозицијата да бидат на висина на задачата, за да направиме кристално чисти избори и да можеме во јуни со чист образ, да бараме во Брисел да ни дадат датум за преговори. Со тоа мислам дека на најдобар начин ќе им излеземе во пресрет на барањата на граѓаните, а тие од деведесетите години па се до денес, скоро четврт век бараат членство во ЕУ и членство во НАТО Алијансата.

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени