mchi

Најнови вести

КОНКУРС Школа за женски активизам - петта генерација

dbi

15.03.2019

КОНКУРС - Школа за женски активизам 

 

Школата за женски активизам ќе им овозможи на учесничките теоретско знаење и практичен тренинг во насока на подобро разбирање на родовите аспекти, но и ќе го продлабочи нивното знаење за конкретни родови прашања кои се однесуваат на учеството на жената во политиката. Преку активностите на Школата, учесничките ќе се сензибилизираат за теми од областа на родовата еднаквост и родовата интеграција, родовото насилство и дискриминација, зајакнувањето на жената, родово анализирање и буџетирање, како и низа други прашања кои директно се однесуваат на родовата димензија. Овие цели ќе се реализираат во рамките на четири циклуси на дводневни викенд семинари во периодот од април до ноември 2019 година.
Услови за учество

Право да конкурира за учеството на Школата има:

1. секоја членка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија,
2. да ги застапува социјалдемократските вредности,
3. да има ВСС,

4. сака да биде активна во општествениот и политичкиот живот во Македонија.
5. да поседува комуникациски и презентациски вештини,
Потребни документи за учество

1. биографија со наведени контакт - податоци
2. писмо за мотивација
Селекција на кандидатки

Селекцијата ќе се одвива во две фази. Во првата фаза кандидатките ќе бидат селектирани врз основа на личните постигнувања (вклучувајќи го академското образование, неформалното образование и политичкото искуство) наведени во биографијата и писмото за мотивација. Кандидатките кои ќе се квалификуваат ќе бидат известени и повикани на усно интервју во периодот од 30-31 март 2019 год. Избраните учеснички на Школата ќе бидат известени најдоцна до 06 април 2019 година.
Непотполни документи нема да се разгледуваат!

Поднесување на документите

Пријавата и останатите документи треба да се поднесат најдоцна до 28 март 2019 година на е-маил: skola.zenskiaktivizam@gmail.com или по пошта на адреса: СДСМ, ул. Бихаќка бр.8 (со назнака за Форум на жени на СДСМ).

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени