mchi

Најнови вести

Пендаровски: Останувам посветен на интегративните процеси, членството во НАТО е наследство што ќе го оставиме на идните генерации

dbi

15.03.2019

Соопштение за јавност

 

Стево Пендаровски денеска се повлече од учеството во Комитетот за интеграција на Република Северна Македонија во НАТО Алијансата.

- Ми беше голема чест и задоволство да го предводам процесот за влез на нашата држава во НАТО Алијансата. Денеска официјално се повлекувам од Комитетот за интеграција во НАТО. Како претседател ќе продолжам посветено да работам за приближување на нашата земја до меѓународната заедница и одржување на односите со нашите соседи и земјите во регионот. Подготвен сум уште попосветено на работам на остварување на врвните државни и национални интереси како што е целосната интеграција во ЕУ и НАТО, порача Пендаровски.

Заедничкиот кандидат Пендаровски посочи дека влезот во НАТО е навистина важен и долгоочекуван чекор, којшто освен безбедност и стабилност значи и посилна економија, повеќе странски инвестиции, повеќе и подобри работни места.

- Веќе се видливи резултатите од членството во НАТО. Во 2018 година имавме рекордна сума од 625,5 милиони евра странски инвестиции, што е најмногу во последните 9 години. Членството во НАТО е наследство што ќе го оставиме на идните генерации и истовремено е важен чекор за успешно решавање на сите внатрешни и надворешни предизвици, заклучи Пендаровски.

 

 

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени