mchi

Соопштенија

Филипче од Чаир: Имаме јасен избор, со Пендаровски да продолжиме заедно напред, да овозможиме европска држава за нашите млади

dbi

15.04.2019

Соопштение за јавност

„Наша одговорност е да им овозможиме подобар живот и иднина на нашите деца. Стево Пендаровски е вистинскиот кандидат за претседател на Република Северна Македонија. Пендаровски ќе биде претседател кој ќе обединува и претседател кој вистински ќе се грижи за граѓаните и државата“, порача попладнево од општина Чаир членот на Централниот одбор, Венко Филипче.
 
Филипче со жителите на Чаир разговараше за претстојните претседателски избори, како и за повеќе актуелни теми. 
 
„На 21 април заеднички да ја донесеме правилната одлука со која сите ќе се гордееме. Имаме претседателски кандидат кој во нашата мултиетничка држава ќе ги почитува различностите и ќе го унапредува концептот едно општество за сите. Имаме јасен избор, да продолжиме заедно напред! Да им овозможиме европска држава на нашите млади, за младите да останат тука“, истакна Филипче.

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени