mchi

Прес

Стево: На 21 април имаме шанса да избереме напредок, да живееме во правично опшество, да ја искористиме, да продолжиме заедно напред

dbi

18.04.2019

Изјава за медиуми,
Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател
Скопје, 18.04.2019

 

Почитувани граѓани,

Кога на 1 април ја започнав кампањата, ме водеше желбата да стигнам до секој граѓанин, да разговарам со вас и да ги слушнам вашите размислувања за иднината на земјата. Ме водеше желбата да ја пренесам, до секој од вас, пораката за обединување и заедништво, правда и еднаквост за сите.

По стотици километри поминати, по многу часови разговори со вас, сигурен сум дека мојата визија и политички концепт за земјата имаат силна поддршка од огромен број граѓани. Тоа ми дава уверување дека сме на вистинскиот пат и уште поголема мотивација.

На 21 април и 5 мај имаме шанса која не смееме да ја испуштиме. Шанса да спречиме враќање кон темното минато и можност да избереме да живееме во правично и демократско општество кое ќе се темели на човечност, солидарност и еднакви права за сите.

Како ваш иден претседател ќе направам сé за да се издигнеме над случувањата од минатото, да ги оставиме зад нас поделбите и да се обединиме без разлика на вера, нација, јазикот кој го зборуваме, политичката или друга определба. Никогаш повеќе нема да дозволам и најостро ќе осудувам поделби, омраза и конфликти и политики кои на било кој начин ќе ги загрозат интересите на граѓаните. Вашите интереси се, и остануваат мојот највисок приоритет.

Почитувани граѓани,

На 21 април и 5 мај имаме можност да го направиме вистинскиот избор за нашите млади и идните генерации. Младите сакаат општество без граници и развој. Наш аманет е да ја направиме оваа земја силна и стабилна, да ја интегрираме во евро-атланските структури кои на младите ќе им овозможат еднакви можности на како нивните врсници од Европа. Да создадеме клима за нови инвестиции кои ќе обебедат економски напредок на земјата, повеќе и подобро платени работни места. Наш аманет е да ги задржиме младите дома. Но, за тоа, треба да ги донесеме европските вредности и стандард и да им обезбедиме услови за кариера и семејство во татковината. Затоа, овие избори се вистинска шанса за нивната иднина и ние не смееме да ги изневериме.

Нашиот пат никогаш не бил лесен. Односите со соседите се обременети од многу тешки историски етапи и неправди. Но ние покажавме дека сакаме да одиме напред, а не да останеме заглавени во минатото. Не беше лесно да го смениме курсот на политиките на Груевски и изолацијата во која тој ја држеше оваа земја. Донесовме тешки, но нужни одлуки.

Почитувани граѓани,

Мојот политички опонент -Силјановска, изјави дека Македонија е слаба, пропадната држава. За разлика од неа, јас силно верувам во оваа земја. Верувам дека има голем потенцијал и можности за напредок. Како никогаш досега, нашите идејни концепти драстично се разликуваат, а изборот е Напред или Назад. Затоа на 21 април и на 5 мај, масовно да излеземе и да го направиме вистинскиот избор за нас и нашата татковина.

Да избереме напредок, а не назадување! Да избереме обединување, а не поделби! Да избереме интеграции, а не изолација! Да избереме пријателства и добрососедски односи, не непријателства и омраза! Да избереме иднина и заедно да продолжиме да чекориме напред!

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени