mchi

Прес

Осудени насилници и криминалци стојат зад Сиљановска, затоа не го осуди насилството од 27 април

dbi

18.04.2019

Изјава за медиуми,
Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник
Скопје, 18.04.2019

 

Почитувани граѓани,

Кандидатката на Христијан Мицкоски, Гордана Сиљановска е поддржана од насилници, осудени за насилствата за 27 април.

Меѓу поддржувачите на Сиљановска е и Игор Југ, познат на јавноста како еден од осудениците, осудени за настаните од 27 април за терористичко загрозување на уставниот поредок.

Меѓу нејзините поддржувачи е и осудениот криминалец во бегство, Никола Груевски.

Осудени криминалци стојат зад Сиљановска, тоа кажува се.

Дали Сиљановска си ја купи поддршката од овие насилници и криминалци со молкот за крвавите настани од 27-ми април?

Затоа ли Гордана Сиљановска не го осуди насилството, обидите за убиства на пратеници?

 

Затоа ли Гордана Сиљановска не го осуди криминалот на нејзниот поддржувач и промотор, сега пребеган во Будимпешта, Никола Груевски?

Граѓаните не смеат и нема да си дозволат на висока државна позиција да има човек зад кого стојат насилници и криминалци.

На државата не и треба тоа. На државата и треба вистински претседател кој навистина ќе се залага за правда и правичност.

Затоа, во недела граѓаните ќе дадат масовна поддршка за Стево Пендаровски и неговиот концепт што води напред.

Република Северна Македонија ќе добие вистински претседател на сите граѓани кој нема да брани криминал, туку ќе се залага за правда и еднаквост пред законите.

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени