mchi

Прес

Изјава на Александар Кирацовски, шеф на изборен штаб на заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски

dbi

21.04.2019

Изјава за медиуми,
Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ и шеф на изборниот штаб
Скопје, 21.04.2019

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Изборниот ден помина во исклучителна мирна, фер и демократска атмосфера.

Имавме кристално чист прв изборен круг од претседателските избори.

Имавме скандинавски избори, како што доликува на држава, идна членка на НАТО и ЕУ.

Им честитаме на граѓаните. Своето гласачко право граѓаните го искористија слободно, на достоинствен и демократски начин со што покажаа демократска зрелост и одговорност пред општеството и пред државата.

Позитивната, фер и демократска атмосфера што беше одлика на кампањата, продолжи и денеска на избирачките места ширум државата.

Република Северна Македонија спроведе мирни, фер, слободни и демократски избори.

Институциите со сите свои капацитети овозможија услови изборите да минат во најдобар ред, што е многу важно за нас како држава која наскоро ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ.

Им благодарам на граѓаните кои во голем број го искористија своето избирачко право и кои со своето одговорно однесување придонесоа да имаме успешен изборен ден.

Очекуваме првите неофицијални резултати за победник во првиот круг од претседателските избори да го прогласат Стево Пендаровски.

Очекуваме сите учесници во изборниот процес да покажат одговорност и овој ден да финишира во ваква демократска атмосфера како што ја имавме до сега.

Очекувам така и да продолжиме и во кампањата која претстои пред нас во вториот круг и на 5 мај, изборниот ден за конечна одлука.

Како што доликува, да избереме претседател на државата на кристално чисти, фер и демократски избори. Да избереме претседател кој обединува и кој води Напред.

Ви благодарам.

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени