mchi

Обраќања

Благодарам граѓани, се придружувам на водството Заедно Напред, ќе бидам достоинствен претседател на сите вас, со кој ќе се гордеете

dbi

05.05.2019

Изјава за медиуми,
Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател
Скопје, 05.05.2019

Благодарам! Faleminderit!


Ви Благодарам граѓанки и граѓани Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци, други кои на кристално чисти, фер и демократски избори, европски, одлучивте да продолжиме Заедно Напред.

Ова е нашата достоинствена држава, ова е нашиот мудар народ.

0ваа победа денеска е пред и над `се победа на мнозинството граѓани во Република Северна Македонија, кои независно од етничка припадност, од политичка припадност, од каква било друга припадност, се обедини и рече: Продолжуваме Заедно Напред, никогаш повеќе режим!

Денес победија граѓаните, свечено сакам да објавам дека ќе им служам посветено на сите!

Исходот од овие претседателски избори, почитувани граѓани значи загарантиран пат напред за нас како луѓе, како семејства и како држава, во сојузите на НАТО и на ЕУ, меѓу економски развиениот свет, каде што припаѓаме.

Излеговме од темното дно, и оваа придобивка да си ја чуваме и развиваме.

Но исходот од претседателските избори во нашата земја е уште поголем успех, поради тоа што ..

Овие избори се победа на обединувањето и заедништвото. -

Овие избори се порака дека само заедно е можно напред.

 Победата на овој концепт заедно напред носи иднина за република Северна Македонија, но е истовремено карта и за Европа, доказ дека само стабилност, безбедност и прогрес се можни само обединети.

И, во јуни, кога го очекуваме датумот за почеток на преговорите, ќе го добиеме датумот за почеток на преговорите, зашто не ни е подарен, не сме наградени, туку е макотрпно заслужен.

Се придружувам на водството во оваа држава за евро-атлантска и економски развиена република северна Македонија.

Ќе се залагам за правичност и правна држава.

Ќе стојам зад секој чесен граѓанин.

Ќе обединувам, нема да делам.

Мојата мисија е да обединувам, сите да одиме заедно напред. Граѓаните, заедниците, здруженијата, институциите, бизнисите, партиите - ама буквално сите.

Ќе бидам фактор на стабилност, а не фактор на кризи.

Отворен ни е патот кон светла иднина, мрачното минато е зад нас, благодарение на сите вас, на сите нас, кои искрено, од душа, без калкулации, си ја сакаме родната земја и затоа донесовме зрели одговорни одлуки за напред.

Благодарам на премиерот Зоран Заев за поддршката и вербата дека е можен успех на концептот Заедно Напред, зад којшто стои и оваа Влада.

Благодарам за поддршката на сите 31. политичка партија коишто ја поддржаа мојата кандидатура.

Благодарност и до противкандидатите Гордана Сиљановска и Блерим Река за учеството и придонесот во овие кристално чисти демократски избори.

И најголема благодарност до граѓанките и граѓаните Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци, други, кои ми ја доверија честа, одговорноста и обврската да бидам претседател на сите.

Ќе бидам претседател на сите!

Ќе бидам поддршка на Владата во сите важни проекти, од интерес за граѓаните, и да – ке и забележувам, сугерирам и критикувам секаде каде што ќе видам дека може подобро и повеќе.

Ќе бидам сојузник во остварувањето на интересите на граѓаните, зашто знам дека успех е можен само со искрен пристап, со соработка, со трпение, со мудрост, со конструктивен и критички дух што влече напред.

Сакам да ви ветам една работа - ќе бидам претседател на државата од кој нема да се срамите и дома и во светот.

Благодарам пријатели. Продолжуваме, Заедно Напред. Bashkë Përpara!

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени