mchi

Најнови вести

Растат платите и пензиите, обезбедуваме повеќе пари кај граѓаните

dbi

13.05.2019

Соопштение за јавност


Со зголемување на минималната плата на 12.000 денари, над 90.000 работници во сите стопански гранки добиваат повисоки плати. Од април оваа година, минималната плата се усогласува согласно Законот за минимална плата и изнесува 12.507 денари нето.

Отворен е процес за ново зголемување на минималната плата на 13.000 денари, за зголемување на социјалната помош за повеќе од 300%.

Зголемени се платите за 5% и 10% за вработените во здравството, образованието, градинките, културата, одбраната, полицијата, јавниот сектор...

Покрај платите растат и пензиите. Просечната пензија од 2017 година до денес пораснала за 826 денари. Од 13.754 на крајот на 2016 година, на 14.580 денари во март 2019 година.

Со овие мерки се повеќе пари завршуваат назад кај граѓаните.

Како одговорна партија, СДСМ продолжува со реализација на мерките што обезбедуваат повисоки плати и пензии, економски раст, повеќе пари и подобар животен стандард за сите граѓани.


Скопје, 13.05.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени