mchi

Најнови вести

Безидејното ВМРО-ДПМНЕ држи прес конференции врз основа на лажни вести, оризот се откупува по поголеми цени

dbi

14.05.2019

Соопштение за јавност


Цели 11 годии ВМРО-ДПМНЕ имаше лажен, нечесен и неискрен однос кон земјоделците, и тоа се уште трае.

Денеска ВМРО-ДПМНЕ во очај се обиде да констриура случаи исклучиво врз основа на лажни вести, кои немаат допирна точка со реалноста.

Невистината пласирана од ВМРО-ДПМНЕ, беше демантирана уште во текот на вчерашниот ден.

Не е точно дека посочената личност била дел од делегацијата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Чешка. Патувањето е приватно, на сопствен трошок, на саем на којшто учествуваат и други приватни компании од нашата земја.

Не се точни ниту тврдењата за наводен проблем со водоснабдување на оризовите полиња. Како што јавно објави Водстопанство подружница „Брегалница“,водата за наводнување на оризовите површини е пуштена на време и според утврдениот годишен план за наводнување.

Толку е очајна ВМРО-ДПМНЕ, што се потпира исклучиво на лажни вести.

Истовремено, официјалните податоци ги демантираат сите лаги на лицемерното ВМРО-ДПМНЕ кое со години ги понижуваше земјоделците.

Откупот на оризот од реколтата 2018-та е комплетно завршен и според податоците од регистарот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по повисоки цени од времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Конкретно, крупниот бел ориз се откупувал по цена од 45 до 50 денари за килограм , за разлика од реколтата 2017 кога откупната цена била од 35 до 37 денари.

Зголемување има и на откупната цена на оризовата арпа која за 2018-та достигнала од 20 -24 денари по килограм, а во реколтата 2017-та цената била од 14 до 18 денари по килограм.

Интервентната мерка од 5 денари за килограм предадена оризова арпа којашто кон крајот на минатата година ја донесе Владата предводена од СДСМ, придонесе целото производство на ориз од реколтата 2018-та веќе да биде во целост откупено по повисока откупна цена во споредба со претходните реколти. А оваа година оризопроизводителите ќе добијат значително поголеми субвенции.

Со цел да се покријат загубите што ги имаа производителите на јаболка, се воведе интервентна мерка од 3 денари за предадено индустриско јаболко. Сите барања на производителите на јаболка се прифатени а Платежната агенција исплати 5,5 милиони евра субвенции за одржување на овошни насади, меѓу кои и за јаболка.

ВМРО-ДПМНЕ секојдневно докажува дека не нуди ништо, нема никаква идеја, никаква мерка за граѓаните, освен да шири лажни вести, измислици и да конструира непостоечки случаи.

СДСМ, преку Владата и пармалентарното мнозинство што ги предводи продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат развој и унапредување на земјоделството, сигурен пласман, пристап до нови пазари и повеќе пари кај секој земјоделец.


Скопје, 14.05.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени