mchi

Соопштенија

Аграрните политики даваат резултат, раст од 5,9 отсто на откупот и продажбата на земјоделски производи во првото тромесечие

dbi

16.05.2019

Соопштение за јавност

 

Политиките на Владата предводена од СДСМ во земјоделството и зголемената поддршка за земјоделците даваат реални резултати.

Откупот и продажбата на земјоделски производи во првиот квартал од 2019 година е поголем за 5,9 отсто во однос на истиот период од 2018 година. 

Забележен е и раст на извозот на земјоделски прозиводи кој во првото тромесечие од годинава е зголемен за 8 отсто или за 42,2 милиони евра повеќе од истиот период од минатата година.

Зголемената поддршка за земјоделците, помошта за младите земјоделци, зголемените субвенци и нивната неселективна и навремена исплата придонесуваат за зголемено и поквалитетно земјоделско производство конкурентно на домашниот и странските пазари.  

Оваа тенденција на раст ќе продолжи во текот на годината. Со воведувањето на „зелената нафта“ со придвижувањето на евоинтеграциите се отвораат можности за поконкурентно производство и пристап до нови пазари, што ќе резултира со зголемен, навремен и сигурен откуп на земјоделското производство 

Продолжува вистинската грижа за земјоделците. Се враќа достоинството на земјоделците и се унапредува земјоделството како една од најважните стопански гранки 

Владата предводена од СДСМ останува посветена на унапредување на земјоделството, зголемена поддршка и повеќе пари кај земјоделците.

 

Скопје, 16.05.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ

СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени