mchi

Најнови вести

Реформите во здравството не се на штета на граѓаните како што лаже ВМРО-ДПМНЕ, тие се во интерес на здравствениот систем

dbi

16.05.2019

Соопштение за јавност



Очигледни се фрустрациите и незадоволството во ВМРО ДПМНЕ по поразот на изборите, на кои граѓаните им кажаа НЕ на нивните политики.

Очаен е обидот на ВМРО ДПМНЕ да манипулира со граѓаните, здравствените работници и пациентите дека формирањето на јавното приватно партнерство за менаџирање на стерилизацијата ќе биде на нивна штета.

Вистинита е токму спротивна, промената од досегашниот модел на функционирање и преминот кон јавно приватно партнерство нема директно да ги засега пациентите во поглед на финансии, односно пациентите нема да имаат дополнителни трошоци.

ВМРО ДПМНЕ лаже дека ќе има отпуштања од работа на моментално вработените, напротив, не само што ќе нема, туку предвидени се нови, дополнителни вработувања, со плати на повисоко ниво до досегашното.

Очајни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ, реформите и унапредувањето на здравството да ги прикаже дека се на штета на граѓаните. Серија на вакви и слични прес конференции полни со невистини за јавните набавки во здравство ВМРО-ДПМНЕ објавуваше и во минатото, но на крајот институционално се потврдија како класични лажни вести.

Трошоците за стерилизација кои досега се издвојуваа од сметката на Фондот за Здравство и беа исплаќани на паушално ниво кон Болниците кои имаа потреба од стерилизација за хируршки интервенции, со воведувањето на принципот на јавно приватно партнерство ќе бидат оптимизирани и контролирани, по број на реализирани стeрилизации, обновена опрема, дезинфекција и потрошен материјал.

Квалитетот на опремата која ќе се користи ќе биде зголемен, а сегашната опрема која е стара предизвикува проблеми, истата ќе биде сменета со нова.

Владата предводена од СДСМ останува посветена на унапредување на здравството, преку подобрување на здравствените услуги и условите за работа на медицинскиот персонал и докторите.

 

Скопје, 16.05.2019

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени