mchi

Најнови вести

ВМРО-ДПМНЕ 11 години го уништуваше Охридскиот регион, институциите веќе постапуваат по препораките од УНЕСКО

dbi

23.05.2019

Соопштение за јавност

 

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за Охридскиот регион бидејќи токму оваа партија е главен виновник за состојбата на Охридскиот регион.

Токму бизнис и личните интереси на функционери на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 11 години, со кои свесно се уништуваше Охридскиот регион се причините за состојбата во која денес се наоѓаат Охрид и Охридскиот регион.

Граѓаните и јавноста многу добро се сеќаваат на неконтролираното градење на Плаошник и Галичица, на осудениот криминалец Субрата Рој кој Груевски го претставуваше како инвеститор, на мегаломанските градби на Охридското езеро кои ги задоволуваа бизнис апетитите на фамилијата и затоа ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кребилитет да зборува за настанатиот хаос.

Денес, Владата предводена од СДСМ е во постојана соработка со општините, граѓанскиот сектор, стручната јавност со цел да се решат наследените проблеми и да се одговори на реалните потреби на Охридскиот регион.

Како што е јавно објавено, и Општина Охрид преку низ мерки активно е вклучена во процесот на исполнување на препораките од УНЕСКО за задржување на постојниот статус.

Предлогот на УНЕСКО, Охрид да се стави на листата на загрозено светско наследство претставува дополнителен мотив за нов поинтензивен бран активности и мерки за заштита на охридското природно и културно наследство.

Владата предводена од СДСМ и сите надлежни институции, остануваат посветена на исполнување на препораките на УНЕСКО со цел да се заштити културното и природното богатство на Охридскиот регион.

 

Скопје, 23.05.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени