mchi

Обраќања

Воведуваме Европска младинска картичка, бројни поволности за младите

dbi

07.06.2019

Изјава за медиуми
Блажена Огненоска, СДММ
Скопје, 07.08.2019


Почитувани граѓани,

СДСМ продолжува со вистинска грижа за малдите. Создаваме и реализираме квалитетни младински политики во интерес на младите.

Започнува реализацијата на проектот „Европска младинска картичка“ која ќе ги доближи младите до европските услови и вредности.

Сите млaди лица на возраст од 15 до 29 години ќе можат аплицираат и да ја добијат оваа картичка која овозможува поволности и придобивки во секојдневниот живот во делот на попусти при посети на културно-уметнички настани, туристички центри, спортски настани, транспорт, едукација и доусовршување.

За таа цел, веќе се склучени меморандуми за соработка со над 300 субјекти како угостителски објекти, театри, киносали, транспорт, центри за едукација и развој, спортски центри и други кои за младите ќе обезбедат одредени попусти на нивните услуги.

Процесот на аплицирање веќе е започнат, а мерката ќе започне да се реализира од први јули.

На овој начин ќе се намалат трошоците на младите, но и ќе се овозможат поволни услови за личен развој на младите во делот на спортот, културата, образованието.

Ги охрабруваме сите млади од 15 до 29 години да аплицираат и да се стекнат со „Европската младинска картичка“ која значително ќе ги намали трошоците и ќе го поттикне нивниот развој.

Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерките и проектите што се во интерес на младите.

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени