mchi

Обраќања

Економските политики даваат резултат, раст на БДП од 4.1 отсто, пад на невработеноста на 17.8 отсто

dbi

10.06.2019

Прес Конференција
Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ
Скопје, 10.06.2019

Почитувани граѓани,

Економските политики на Владата предводена од СДСМ и коалицијата даваат видливи резултати.

После деценија економска стагнација во времето на ВМРО-ДПМНЕ, економијата сега е стабилна и се движи во нагорна линија.

Во првиот квартал од годинава, брутодомашниот производ порасна за 4,1 отсто. Toa е највисок раст на економијата во последниве неколку години.

Стапката на невработеност е намалена на 17,8 отсто. Toa е историски најниско ниво на невработеност од независноста па до денешен ден.

Со растот на инвестициите и активните мерки за вработување, за помалку од две години, отворени се близу 50 000 нови работни места.

Само преку Оперативниот план за активни мерки за вработување, во 2018 се вработени околу 6.500 лица од кои најголем број се, или над 50 отсто, се млади лица до 29 години.

Со пилот програмата Гаранција за млади, минатата година 1.839 млади се вработиле во период од само 4 месеци по нивното евидентирање како невработени лица.

Во периодот кој што ни претстои очекувано е ваквите позитивни трендови дополнително да се интензивираат и економијата да продолжи да расте.

Позитивно и охрабрувачки е што се повеќе работни места се отвораат во приватниот сектор.

Тоа е особено важно бидејќи приватниот сектор е движечка сила за одржлива економија на долг рок.

Почитувани граѓани,

Mерките што обезбедуваат економски раст и развој, нови работни места, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани продолжуваат.

Грижата кон граѓаните, грижата кон државата продоложува. Зборот е збор!

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени