mchi

Најнови вести

K.Кузмановска: Над 25000 семејства добиваат гарантиран минимален приход, градиме систем што извлекува од сиромаштијата

dbi

11.06.2019

Изјва за медиуми
Катерина Кузмановска, пратеничка на СДСМ
Скопје, 11.06.2019


Почитувани новинари, почитувани граѓани,

Со исплата на зголемената социјална помош, започна реализацијата на мерките од новата социјална реформа.

Веќе над 25.000 семејства добиваат гарантиран минимален приход, кој за најголемот дел од нив е зголемен за дури 100 отсто.

За прв пат, корисниците на Гарантираната минимална помош, добиваат детски додаток и додаток за основно образование.

Досегашната програма за условен паричен надоместок за средно образовение, е трансформирана во право на додаток за образование.

 

Опфатот на деца кои користат образовен и детски додаток се зголемува за околу 20 пати. Наместо 3.200 деца, сега детски додаток користат 73.500 деца, а наместо 3.800 дечиња корисници на образовен додаток, отсега пристап имаат 64.136 деца.

Аплицирањето за новите права од социјалната реформа се уште трае и очекувано е бројот на семејства опфатени со овие мерки дополнително да се зголеми.

Со новата социјална реформа на Владата и мнозинството предводено од СДСМ правиме целосна преобразба на системот на социјална заштита.

Градиме фер и праведно општество на еднакви можности.

Ја намалуваме сиромаштијата, овозможуваме еднаков старт за секое дете, ги унапредуваме правата на лицата со попреченост и градиме вистински праведно и фер општество.

 

 

 

 

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени