mchi

Најнови вести

Навикнати да контролираат се на ВМРО-ДПМНЕ, не им одговара транспарентноста и слободниот пазар и затоа изнесуваат лажни сценарија

dbi

11.06.2019

Соопштение за јавност

 

ВМРО-ДПМНЕ се уште не може да се помири со фактот дека парите на граѓаните веќе не завршуваат кај нивната фамилија, не се трошат на криминални тендери и сомнителни оф шор шеми за лично богатење на поединци.

11 години ВМРО - ДПМНЕ ги контролираа и беа вклучени во различни бизниси во државата.

Навикнати на таков однос, ВМРО ДПМНЕ се уште не можат да разберат свесни дека тоа време заврши и затоа продолжуваат со лицемерните соопштенија од луксузниот бел дворец изграден во време додека граѓаните осиромашуваа.

Не е точно дека фирми на вицепремиерот Кочо Анѓушев добивале тендери и од тоа профитирал, како што лаже ВМРО-ДПМНЕ.

Вистината е дека ниту една фирма на на вицепремиерот Кочо Анѓушев не учествува на тендери и јавни набавки.

Заврши времето на оф шор компании и шемите со фирми од Белизе. Денес сите компании имаат еднакво право и услови за учество на пазарот, а трговијата е слободна.

Денес, сите имаат еднаков пристап и можности за учество на јавен повик за тендер, доколку ги исполнуваат бараните услови.

 

Скопје, 11.06.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Огласи/конкурси

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени

меѓународни извештаи

Постојат многу варијации на пасуси од Lorem Ipsum, меѓутоа повеќето претрпеле одредени промени